Аmazon, a не Google, е новиот сопственик на Twitch

во Веб, Свет

Amazon, а не YouTube, ќе бидат новите сопственици на стриминг платформата Twitch. Потегот на Amazon, кој потроши 970 милиони долари за сервисот на кој се стримаат гејминг видеа, ги изненади сите, особено бидејќи мислењето беше дека YouTube, за кој се шпекулираше дека е во финални преговори со Twitch, ќе успее да ја донесе платформата во своите редови.

„Го одбравме Amazon бидејќи веруваат во нашата заедница, споделуваме исти вредности и визија за иднината, тие сакаат да ни помогнат да стигнеме таму побрзо“, вели ко-основачот на Twitch, Емет Шијр.

Twitch е платформа на која гејмерите можат во живо да го споделат своето играње. За помалки од три години сервисот успеа да собере над 55 милиони месечни корисници, без разлика дали станува збор за следење или за споделување на содржини. Досега Twitch успеа да собере над 35 милиони долари инвестиции, но и покрај милионите корисници и 15-те милијарди минути содржини споделени само во јули, дел од аналитичарите не се убедени дека вредноста на сервисот е милијарда долари.

„Споделувањето и гледањето на видео игри е глобален феномен, а Twitch изгради платформа која обединува десетици милиони, кои гледаат милијарди минути видеоигри секој месец. Се радуваме на можноста да научиме од нив и можноста да им помогнеме побрзо да креираат нови услуги за гејмерската заедница“, вели Џеф Безос.

Очекувањата се дека Twitch ќе остане самостојна компанија во рамките на Amazon, на чело со Емет Шијр. „Се ќе остане исто: канцелариите, вработените, брендот, и најважно нашата независност. Но подршката од Amazon ќе овозможи повеќе ресурси да го подобриме Twitch.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments