Amazon креира додатоци за вработените за да ги избегне незгодите со роботите

Дејан Соколоски

во Вести

Amazon крајот на 2018  и почетокот на оваа година е во фокусот на вниманието на медиумите. Главна причина за ова секако е разводот на Џеф Безос, но и неколку незгоди со роботите во магацините на Amazon. Добра вест е дека барем за еден од проблемите е најдено решение. Со релативно едноставно решение, каиш со прерамки на кој е сместена електроника, работниците се побезбедни во близина на роботите, пренесе TechCrunch. Со оглед на тоа дека иднината на работата е некаква интеракција помеѓу роботи и луѓе, ова е одлична вест и за вработените во други компании.

Сензорите ги известуваат роботите кога човек се приближува кон нив, без разлика дали доаѓа да поправи нешто или да крене паднат производ. Каишот кој го носат работниците помага роботот да ги детектира, а понатаму ги користи стандардните алгоритми за избегнување на препреки.

„Нашите роботски системи користат повеќе сигурносни системи, од материјали за обука, до физички бариери за влез, контрола на процеси, па се до on-board системи“, вели потпретседател на Amazon Robotics, Бред Портер. „Во минатото работниците се означуваа во мрежата ќелии во кои ќе се движат со цел да му овозможат на роботскиот планер за сообраќај внимателно да патува низ тој регион. Она што овој елек го овозможува е роботите да го детектираат човекот од подалеку и попаметно да го прилагодат својот план за патување, без потреба работникот експлицитно да ги означи зоните“.

Во декември поради несреќен случај 24 вработени во магацин на Amazon беа хоспитализирани. Причината за несреќата беше грешка на робот кој проби спреј за бркање на мечки. Секако со оглед на тоа дека во иднина луѓето и роботите почесто ќе го делат заедничкиот простор и проблематичните ситуации ќе бидат почести.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии