Amazon ќе претстави 8 нови Alexa уреди

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Amazon најави дека наскоро ќе видиме 8 нови уреди кои ќе доаѓаат со Alexa.  Со ова компанијата ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција во освојувањето на паметниот дом.

Уредите кои ќе ги претстави компанијата ќе бидат различни, од микробранова печка до уретче за во автомобил, јави CNBC. Паметните уреди за домот не се новитет ниту за Amazon кој претставил неколку помали уреди досега, но уредот за автомобилот е. Дополнително дел од поголемите апарати се новитет за компанијата.

Според најавата компанијата ќе ја додаде Alexa на засилувач, сабвуфер, микробранова печка. Ова ќе овозможи директно управување со уредите од далечина, но и со гласовни команди.

Според најавите пазарот на паметни уреди и автоматизирање на домот до 2024 ќе „тежи“ околу 30 милијарди долари. Засега главни конкуренти за освојување на овој пазар се Amazon и Google, иако и Apple се обидува да земе дел.

Кој е планот на Amazon засега е нејасно. Дали компанијата навистина планира да стане производител на домашни апарати, или ќе ги искористи да понуди некоја нова услуга најверојатно ќе дознаеме подоцна. За среќа, да дознаеме што сè ќе претстави Amazon не треба да чекаме предолго. Се очекува дека дел од уредите, ако не и сите Amazon ќе ги претстави веќе подоцна овој месец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии