Amazon ќе ја продава технологијата за продавници без каси

Минатиот месец Amazon ја отвори првата продавница без каси и касиери, Amazon Gо. Помалку изненадувачки, оваа недела компанијата објави дека оваа технологија ќе биде достапна и на конкурентите. Технологијата која компанијата ја нуди е наречена едноставно „Just Walk Out“.

Покрај основните упатства за начинот на работа на продавниците, сајтот доаѓа и со ветување дека компанијата наскоро ќе испорачува сè што е потребно за креирање на автономна продавница.

Покрај технологијата која е потребна, како куп сензори, камери, и вештачка интелигенција, Amazon ќе нуди и 24-часовна поддршка на своите клиенти. Инсталирањето на потребната технологија во продавниците ќе трае не подолго од неколку недели.

Најголема разлика со продавниците на Amazon е потребата од кредитна картичка за која компанијата вели дека корисникот ја користи на влегување во продавницата. По ова купува што му е потребно и излегува, а системот автоматски ќе наплати. Во случајот со продавниците на Amazon плаќањето се прави со помош на апликацијата за паметен телефон.

Иако компанијата не спори дека со оваа технологија ќе бидат потребни помалку вработени, но сепак ќе бидат неопходни и за контакт со муштериите и за полнење на рафтовите кога ќе се испразнат.

Можеби е помало изненадување што компанијата се одлучи да ја „изнајмува“ технологијата, но ова е бизнис модел кој досега на Amazon му донесе голем успех со AWS облакот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии