Amazon ќе го претстави Kindle Fire 2 на крајот на јули?

Дејан Соколоски

во Хардвер

Дали е можно наскоро да го видиме наследникот на Kindle Fire? Иако нема официјална најава неколку веб портали веќе почнаа да го најавуваат Kindle Fire 2. Очекувањата се новиот таблет компјутер да излезе кон крајот на јули. Една од причините може да е и најавата на Google за Asus Nexus 7 кој според цената би можел да им биде главен конкурент.

Според DigiTimes, кои се прилично доверлив извор, Amazon може да ја спушти цената на  сегашниот 7-инчен Kindle Fire на 149 долари. Ова ќе им овозможи новиот 1280 х 800 модел да ја преземе цената од 199 долари. Покрај новиот 7 инчен модел Amazon најавува и 8.9 и 10.1 инчни таблет компјутери.

Иако нема вести околу процесорот или bluetooth поврзувањето, тешко е веројатно дека перформансите на новиот Kindle Fire ќе можат да се споредат со Asus Nexus 7 кој има 1,3 четири јадрен процесор, GeForce графички процесор и Android 4.1. Сепак како и досега најголема предност на Amazon ќе бидат дополнителните услугимеѓу кои: апликации, музика, книги, но и неограничен простор во „облакот“ на кој можете да ги зачувате содржините.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии