Amazon ќе дозволи нарачки преку Twitter со #AmazonCart

Аmazon ќе дозволи купување преку Twitter со едноставно маркирање на продуктот со хаш-таг #AmazonCart во САД или #AmazonBasket во В. Британија. Идејата на најголемата веб продавница е да го поврзе Amazon профилите со Тwitter за да им овозможи на корисниците со едноставно коментирање на продукт да го додадат во својата кошничка за нарачка. Со хаш-тагот корисниците ќе добијат имејл и @одговор дека продуктот е додаден во виртуелната кошничка, но доколку сакаат да го купат и да платат за него, тоа не можат да го направат преку Twitter, туку ќе мора да ги посетат своите Amazon профили на веб.

Хаш-тагот не е соработка помеѓу Amazon и Twitter, ниту има подлабока интеграција меѓу двата сервиси, забележува The Next Web, туку се работи само за паметно користење на комуникацијата на Twitter. Во Британија веќе има други два сервиси, Comcast и BSkyB, кои им дозволуваат на корисниците преку хаш-таг да снимаат и нарачуваат ТВ емисии.

[youtube]iAm6pa9hPKA[/youtube]