Amazon ја купи друштвенaта мрежа за препораки на книги Goodreads

Стартуван во 2007-ма година, Goodreads за бргу време стана едно од најпопуларните места на Веб за наоѓање на книги и дискутирање за литературни дела. Сега сајтот кој има 16 милиони корисници, ќе биде интегриран во е-читачот Kindle за да понуди „подобро корисничко искуство“.

„Книгите – приказните и идеити внатре во нив – се дел од нашата општествена ткаенина. Луѓето сакаат да зборуваат за идеите и да ја споделат својата пасија за приказните кои ги читаат.“, вели ко-основачот на Googreads, Отис Чендлер. „Сега ќе можеме да го забрзаме процесот во доставување на искуството на Goodreads до милионите читачи ширум светот.“

Г. Чандлер на форумот на Goodreads објави и дека тимот ќе продолжи со работата на сајтот на кој се додаваат по четири книги во секунда во секцијата „сакам да прочитам“. Но, дел од корисниците ја истакнаа својата загриженост дека Amazon може да им ги земе правата врз нивните 23 милиони рецензии. Според полисата на Goodreads, правата ги имаат авторите, но според полисата на Amazon, иако авторот ги има правата, сепак компанија има дозвола да ги прикажува и користи тие рецензии за свои цели.

Целта, секако, на Amazon е продава повеќе книги преку својот е-читач Kindle. Со Goodreads ќе може да ги поврзе страствените љубители на литературата со веќе огромната мрежа на читачи на е-книги кои сега ќе добиваат подобри рецензии и препораки.

Amazon не објави колку пари потрошија на Goodreads.