Amazon и официјално го отвора супермаркетот без каси

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Продавниците кои Amazon ги презентираше како концепт, Amazon Go, и официјално започнуваат со реализација. Првата продавница е отворена денес во Капитол Хил во Сиетл.

Продавницата ќе зафаќа простор од 900 квадрати и во неа ќе може да се пронајдат над 5000 производи, вели Vox.

Сепак она што е најимпресивно за продавниците е недостатокот на луѓе кои работат. Наместо вработени производите и плаќањето се прават со сензори, камери, компјутерско препознавање и куп друга технологија.

Компанијата има куп физички локации откако го купи ланецот Whole Foods. Сепак барем засега нема најава дека овие продавници ќе се автоматизираат. Се чини дека компанијата во овој дел, барем засега ќе се задоволи единствено со бесплатна испорака од Whole Foods за претплатниците на Amazon Prime.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии