Amazon го ангажира популарното трио од Top Gear за својата видео платформа

Без сомневање интернет телевизиите Netflix, Hulu, Amazon започнаа посериозно да се ангажираат околу video-on-demand услугите со кои можат да ја победат традиционалната телевизија. Се повеќе луѓе гледаат видео преку интернет, преку мобилни уреди, кога тие ќе сакаат и содржина што тие сакаат, па компаниите започнаа да креираат скапи и ексклузивни програми за да ги исполнат тие очекувања.

Затоа не е чудно што Amazon побрза да потпише со култните водители на популарното британско автомобилско шоу Top Gear. Крајот на соработката со BBC заврши неславно бидејќи водителот Џереми Кларсон беше избркан, а Ричард Хамонд и Џејмс Меј веднаш го напуштија шоуто за поддршка на г. Кларксон. Сите тројца сега се дел од нов серијал кој ексклузивно ќе се емитува на Amazon Prime. Премиерата е најавена за 2016 година, а најавени се три сезони. Amazon ќе потроши 250 милиони долари за шоуто кое имаше 350 милиони фанови од 100 земји кога беше на BBC.

Конкурентот Netflix годишно им плаќа на холивудските студија околу 2 милијарди долари за програми и лицецирање. House of Cards, Orange Is New Black се дел од ексклузивните програми на Netflix кои телевизијата сама ги произведува, а добиваат одлични критики и имаат огромна гледаност како од претплатниците, така и од пиратите. Netflix пак ќе ја оживее комедијата Fullhouse, серијата ќе биде есксклузивно на Netflix а веќе се снимаат првите 13 епизоди. Следниот чекор на Netflix можеби може да се насети од новиот начин на лицецирање, компанијата започна да лиценцира содржини за целиот свет, а новите содржини ќе бидат интерсни за целиот свет, вели Quartz. Можеби наважното прашање е што ќе се случи со локалните телевизии кои нема да можат да се прилагодат на новиот пазар доколку во блиска иднина Netflix навистина започне да стрима глобално.

Секако не треба да го заборавиме ниту YouTube кој има план да потикне креирање на оригинална видео содржина. Минатата година Yahoo Screen во потрага по ексклузивна содржина ја спаси од прекин комедијата Community. Yahoo ова го прави од потреба на содржина во натпревар со Netflix и Amazon Prime; но иако сите се натпреваруваат меѓу себе, сите заедно се во борба со традиционалните телевизии. Интернет телевизијата на корисниците им нуди нешто што традиционалната телевизија никогаш нема да може да го понуди, содржина која можат да ја гледаат кога сакаат и колку сакаат. И на било кој уред.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии