Amazon ги претстави новите Kindle Fire HD уреди

Аmazon полека станува сериозен играч на пазарот на таблет компјутери. Првиот Kindle Fire стана еден од најпродаваните продукти на Amazon, земајќи 20 отсто од пазарот во САД, успех кој компанијата се надева дека ќе го повтори со новиот Kindle Fire HD кој е комплетен таблет компјутер со висока резолуција до 1920×1200, стакло без рефлексија што го прави одличен за читање дури и на плажи (ова стакло е присутно кај сите Kindle уреди), и пристап до една од најголемите продавници на веб за книги, филмови, музика и апликации.

Кindle Fire HD доаѓа во две, големини – 7 и 8,9-инчи и, иако има свој интерфејс, во позадина работи на Android Ice Cream Sandwich. Има поддршка за 4G LTE мрежа, ова за жал значи дека Amazon ги таргетира пазарите со добра интернет инфраструктура, што се западните земји со корисници кои можат и ќе потрошат пари на е-книги, апликации и други добра од продавницата на Amazon.

Има поддршка и за Wi-Fi со двојна антена, Amazon вели дека ова е „најбрзиот WiFi“ со дури 40% побрзо симнување, има Dolby Digital Plus аудио, што го прави таблет компјтерот одличен за гледање филмови, што се продаваат на продавницата на Amazon и има батерија која држи околу 11 часа.

Цените започнуваат од 160 долари за 8 GB 8,9-инчниот таблет компјутер, и се движат до 600 долари зависно од верзијата и просторот. Споредено со другите конкурентни таблет компјутери, цените се доста привлечни, дури и подобри бидејќи Kindle Fire HD е еден одличен мултимедијален таблет компјутер. Но, тоа сигурно нема да биде загуба за Amazon, бидејќи со нив ќе продадат и куп содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии