Amazon ги отвори предавањата од „Machine Learning University“ за сите

Едни од најдобрите курсеви за машинско учење сега се достапни бесплатно. Amazon најави дека ги отвора курсевите со кои ги тренира своите инженери за сите.

Machine Learning University е креиран од искуството на Amazon со оваа технологија. Компанијата користи машинско учење веќе 20 години, па овој курс е еден од најрелевантните. Корисниците на курсот ќе може да се запознаат со сервиси и платформи како Amazon SageMaker, Amazon Rekognition, Amazon Comprehend, Amazon Transcribe, Amazon Polly, Amazon Translate и Amazon Lex.

Ви библиотеките на Amazon има над 30 курсеви, и околу 45 часа видео. Курсевите според тоа за кого се наменети се поделени во 4 групи: развивачи, дата истражувачи (data scientist); инженери за податочни платформи (data platform engineers) и бизнис професионалци.

Иако курсевите се бесплатни, баш сè не е бесплатно. Така заинтересираните ќе треба да платат за сервисите во лабораториите и за полагање за сертификати.

Заинтересираните може да ги погледнат сите курсеви на следната страница.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии