Аmazon Fire Phone беше само добра идеја

Fire Phone и официјално оди во историјата. Amazon ги потроши залихите на нивниот телефон кој требаше да биде конкуренција на iPhone, а според информациите од најголемата продавница, нема податоци дали и кога ќе се врати назад, забележа Geekwire. На продавницата нема ниту еден од двата модели, со 32 и 64GB слободен простор, а и Amazon потврди дека телефоните се распродадени. Компанијата неодамна отпушти најголем дел од инженерскиот тим кој го креираше телефонот, а имаќи ги в предвид постојаните намалување на цената на Fire Phone, изгледа речиси извесно дека Amazon го продаде последниот телефон, барем во догледно време.

Сепак, ако пазарот на паметни телефони е премногу компетативен за Amazon, сепак еден неуспешен продукт нема да одвелече од производство на хардвер. Amazon го има еден од најдобрите е-читачи во форма на Kindle, кој е поврзан со онлајн продавницата, односно до содржината на Amazon, вклучувајќи филмови, музика и апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии