Аmazon е обвинет дека прави пари од in-app купувања од деца

Amazon може да биде во сериозни проблеми откако добија пресуда дека мора да ги вратат парите кои ги трошеле малолетни корисници преки „in-app“ купувања, односно од купувања направени преку апликации кои се бесплатни за симнување.

Судскиот процес е од јули 2014 година и е започнат од американската Федерална комисија за трговија. Претходно и компаниите под кои се двете најголеми продавници за апликации Apple и Google мораа да ги почитуваат одлуките на судот. Како резултат од овие процеси, Apple и Google мораа да исплатат 50 милиони долари на оштетните корисници, јави Venture Beat.

Поради оваа пракса сега двете компании ги променија правилата на работа на своите продавници. Така секоја од апликациите која овозможува купување внатре од апликации сега на Google Play и App Store мора да дојде со преупредување уште при самата инсталација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии