Alphabet го купи Fitbit за 2,1 милијарди долари. Компанијата ќе биде дел од Google

На крајот на минатата недела се случи големо поместување во светот на преносните компјутер. Alphabet го купи Fitbit и компанијата станува дел од Google. Цената која Alphabet ја плати за еден од лидерите во овој сектор е 2,1 милијарди долари.

Овој потег ќе му помогне на Google во развојот на неколку сегменти. Секако главно е развојот на Wear OS, верзијата на Android за паметни часовници, алки и слични уреди, но уредите на Fitbit ќе имаат значајна улога и во развој на Google Fit.

„Fitbit е пионер во индустријата и создаде многу исклучителни производи, искуства и енергична заедница на корисници. Соработувајќи со тимот на експерти на Fitbit и спој на вештачка интелигенција, софтвер и хардвер, можеме да помогнеме да ја поттикнеме иновативноста во преносните компјутери и да градиме производи од кои придобивки ќе имаат уште повеќе луѓе ширум светот.“, вели Google во својот блог.

Fitbit влегува директно во Google и ќе има слична положба како Nest. Alphabet претходно дел од овие компании ги оставаше како посебен дел во компанијата. Fitbit ќе продолжи со досегашната пракса за заштита на податоците на корисниците и овие податоци нема да може да се користат за рекламирањето на Google.

Ова не е прво купување на производител на хардвер за Google. Компанијата претходно ги купи Motorola, Nest, тим од HTC кој го развиваше Nexus телефонот, а сега работи на Pixel телефоните. Овие примери секако не се охрабрувачки за љубителите на Fitbit. Најголем дел од овие компании не успеаја да се претворат во навистина успешни проекти. Fitbit и Google и досега соработуваа, но без сомневање соработката сега ќе биде значително подлабока.

За Google, Fitbit отвора простор за влез во здравствениот сектор. Веројатно главната „врата“ за влез во секторот ќе биде Google Fit. Комбинацијата од Google и Fitbit може да биде добра и за здравствената индустрија, ако Google и Fitbit ги споделат податоците со овој сектор ќе помогнат за напредок во  лечење на многу болести и здравствени проблеми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии