Allride е нов сервис за превоз, косовска верзија на Uber

AllRide е нова можност за превоз која доаѓа од Косово. Станува збор за сервис кој е клон на Uber. Со оглед дека сè уште е на почеток, креаторите имаат повеќе простор за микро-менаџмент, на пример избор и преглед на возачите.

Она по што се разликуваат двата сервиси е и можноста за патување преку граници, нешто што е овозможено со Allride. Едноставноста е една од главните карактеристики на апликацијата, а повикувањето на возило се прави со кликање на две копчиња.

Uber започна во држава со корисници навикнати на користeње на платежни картички, Косово пак, има проблем со недостаток на платежни картички. Бројот на кредитни картички во регионот е во пораст, но сепак е далеку од просекот во САД. Ова е еден од проблемите кои Allride мораше да ги надмине. Интересно е што дури и Uber има проблеми со недостаток на кредитни карички во регионот. Според анализата 40 отсто од Хрватите не употребуваат кредитни картички. Поради ова во Хрватска Uber ќе овозможи плаќање во готово, јави Netokracija. AllRide проблемот го решава со можност за транспарентно наддавање. Возачите може да понудат цена за превозот која е јавно достапна, заедно со типот на возило и оцената за возачот.

Сервисот би требало да биде достапен од октомви, по што се очекуваат повеќе возачи. Поради недостатокот на возачи апликацијата засега има ограничена употребливост, јави Digjitale.

allride

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии