Alibaba руши рекорди на продажба за денот на самците

На денот на самците Alibaba успеа да ги собори речиси сите рекорди кои ги постави минатата година. Компанијата го држи рекордот за најголема продажба во еден ден со продадени производи во вредност од над 30,8 милијарди долари.

Дека ќе станува збор за исклучително успешен ден можеше да се забележи уште на самиот почеток. Продажбите започнаа навистина лудо. За 1 минута и 24 секунди беа продадени производи во вредност од 1 милијарда долари. За надминување на 10 милијарди долари беа потребни нешто над 1 час, вели CNBC. Главна причина за лудницата се намалените цени.

Најголемата направена продажба во еден ден беше забележана точно пред една година, кога Alibaba на денот на самците продаде производи во вредност од 25,3 милијарди долари. Иако растот на продажбата од 25,3 милијарди долари на 30,8 милијарди долари изгледа импресивно, растот од година за година е еден од рекордите кои не беше „срушен“. Минатата година растот беше 39% и ова е сè уште актуелен рекорд.

Секако куп надминати рекорди и не се премногу важни, но ова е добар показател за насоките во кои се движи Alibaba. Најголемата кинеска продавница секако сè уште не е поголема од Amazon, но тоа може да биде само прашање на време.

Денот на самците, 11 ноември се одржува 10 години по ред и е „празник“ кој по обемот на продажба успеа да го помине црниот петок.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии