Alibaba плати 100 милиони долари за компанија за скенирање на окото

EyeVerify, компанија чија технологија ја користат и банките во САД, сега е дел од Ant Financial, компанија која пак е во сопственост на Alibaba. Ant Financial е одделот на Alibaba за финансиска исплата, јави Fortune.

Технологијата на EyeVerify овозможува биометриски пристап до сметките, преку скенирање на окото. Сензорите кои ги користи компанијата ги скенираат крвните садови во окото, технологијата е прецизна колку и отпечатоците од прсти. Оваа технологија ќе бие дел од Alipay кој има над 450 милиони корисници.

„Сега имаме многи поголема платформа. Со Ant како компанија-мајка можеме да ги користиме нивните ресурси и стабилност да оствариме визија која ја имаме над 20 години.“, вели директорот на EyeVerify, Тоби Раш.

Ant Financial започна да ги користи услугите на EyeVerify оваа година, пред било каков договор за купување. Кинеската компанија се надева дека ќе успеат да опслужат околу 2 милијарди корисници низ целиот свет. За корисниците во САД, нивната услуга ја објаснија како слично искуство како и Apple Pay.

„Купување на компанија која е лидер како EyeVerify е логичен чекор за нас. Сакаме да продолжиме со инвестирањето во оваа важна област за нас, и да го имаме глобалното водство во истата.“, вели Џејсон Лу од Ant Financial.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии