Alibaba му објави војна на Amazon… но и на Dropbox, PayPal, Uber, Hulu, Android…

Alibaba e кинески гигант, пандан на Amazon, кој по само една недела на јавната Њујоршка берза го поремети светот, генерирајќи приходи кои му ја искачија вредноста на 160 милијарди долари. Аlibaba e една од најскапите компании на Интернет, но која не доаѓа од САД или Европа, туку од источната Кина, чија вредност е повисока од вкупната на двата бренда кои се поврзуваат со е-трговија на западот, Amazon и e-Bay.

„Кога имате 1 милион тогаш сте среќни, кога имате 10 имате проблеми. Кога имате над 1 милијарда, имате одговорност“, вели директорот и основачот Џек Ма.

Експертите ги споредуваат Аlibaba со Amazon бидејќи двете компании се натпреваруваат за кој ќе биде најголема светска продавница. Но, Quartz објаснува дека AliBaba е всушност збир на куп други компании и сервиси. Па така иако споредбата со најголемата светска продавница е соодветна, компанијата има и сервиси кои наликуваат на Dropbox, PayPal, Uber, Hulu, Android, WhatsApp и многу други. Но, тоа што е интересно е што 25 отсто од Alibaba е во сопственост на Yahoo.

AliBaba не е традиционална компанија чиј бизнис е трговијата, туку функционира како „отворен пазар“ кој ги поврзува купувачите со продавачите, поточно производителите. Аlibaba e платформа која им помага на малите и големите компаниии да соработуваат меѓу себе, или директно со потрошувачите. Клучот е што Alibaba ги држи парите се додека не се осигура дека двете страни, тие што купуваат и тие што продаваат се задоволни од зделката. За разлика од Amazon кој има магацини и продава роба директно, AliBaba нема ниту магацини, ниту директен допир со продуктите. Поради ова Alibaba e попрофитаблина од Amazon со маргини повисоки речиси 40 отсто и заработка од 2 милијарди во последното тримесечие, вели Forbes.

[youtube]iGqXkW2vMZs[/youtube]

Се чини дека „победникот“ за што е можно поголем пазар ќе биде компанијата која ќе успее да се прилагоди подобро на пазарите надвор од својата земја. И Amazon и Alibaba се креирани специјално за домашниот пазар. Затоа Amazon би имал проблем при влез во Кина или Индија, бидејќи би бил потребен предолг период за адаптација, градење на инфраструктура и слично. Обратно од ова Alibaba речиси извесно нема да може да се спротистави на Amazon во Европа и Северна Америка. Барем засега се чини дека ситуацијата е споредлива со iOS и Android, вториот е најчестото употребуван оперативен систем, но кога станува збор за пазарите кои имаат пари тие се во рацете на Apple и iOS.

Тоа што е импресивно е скромноста на Џек Ма, основачот на AliBaba. „Луѓето мислат дека можете да ги трошите парите подобро од другите… Но јас сè уште јадам трипати во денот. Користам само еден кревет за спиење“. Основачот на AliBaba успехот на компанијата во Кина го објаснува пред се поради лошата инфраструктура на трговијата, па e-трговијата е главен извор на прозводи во Кина, додека во САД е-трговијата е десерт, а традиционалната трговија е главно јадење, пренесува Wired.

[youtube]euxJhgYZXL8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии