Alibaba и Apple сакаат да влезат во партнерство

По се изгледа Xiaomi не се единствената кинеска компанија која е воодушевена од Apple. Основачот на азискиот гигант за е-трговија Alibaba, Џек Ма, вели дека заинтересиран за партнерство со Apple со кое Alipay ќе биде достапен на новиот сервис за плаќање Apple Pay. Во интервју кое е дел од Wall Street Journal Digital конференцијата г. Ма имаше многу пофални зборови за директорот на Apple, Тим Кук, пренесува Re/code.

[youtube]sHLTzzZ38AA[/youtube]

Оваа одлука може да биде вистинска можност и за двете комании, со што Apple би бил поатрактивен на брзорастечкиот азиски пазар, а Alipay ќе стане достапна за корисниците на iOS кој вообичаено се порасположени за купување на производи преку своите мобилни уреди.

Се чини дека воодушевувањето е взаемно, бидејќи и Тим Кук имаше само пофални зборови за основачот на Alibaba, а за оваа недела е најавен разговор за можното партнерство.

„Имам најголема почит за Џек. Сакаме партнерства со паметни луѓе кои имаат флексибилни тимови, кај кој продуктот е пред се и не поттикнуваат. Мислам дека компанијата на Џек е токму таква. Доколку пронајдеме некој заеднички простор би било одлично“, изјави Тим Кук во интервју за Wall Street Journal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии