Алгоритмот на Google ќе ги казнува лошите бизниси

Овој потег на интернет гигантот доаѓа по текст од New York Times во кој корисничката Кларабел Родригез била измамена од високо рангирана компанија на резултатите на Google. Не само што фирмата DecorMyEyes.com и наплатила повеќе за лажни наочари, туку на г-ѓа. Родригез и се заканувале со сексуално насилство доколку ја повлече исплатата, дури и праќале и слики од нејзината зграда со порака „Те гледам!“.

Се открило дека измамникот изиграл куп корисници, но најинтересен е коментарот во кој тој пишува: „Колку повеќе ми коментирате, толку повеќе бизнис, посети и продажби имам. Мојата цел е НЕГАТИВНО рекламирање.“

Трикот е – колку повеќе еден сајт е спомнуван толку поголем ранг има во резултатите, Google алгоритмот не води грижа за содржината, дали се негативни или позитивни коментари, туку мисли дека бројот на коментари е исто како и популарност. Интересно, Google вели дека измамничкиот сајт добил голем ранг бидејќи се споменува на сајтови како New York Times и Bloomberg, популарни медиуми кои пишувале за измамата.

Сега, повикувајќи се на приказната, интернет гигантот вели дека „иако ова се однесува на конкретен проблем со нашите резултати, нашиот тим го прегледа проблемот и имплементираа почетно алгоримичко искуство“.

Сега, според Google, ако водите негативна кампања, ќе бидете негативни и кај пребарувачот.

„Не велиме дека никој нема да најде дупка во алгоритмот за рангување. Луѓето ќе се обидуваат, да го изиграат рангувањето на Google, 24 часа, секој ден. Затоа не може да го откриеме решението на нашето решение.“

Дали му верувате на Google дека можат да го решат проблемот, да ги неутрализираат негативните сајтови или не, наравоучение е да се купува од доверливи продавници. Тоа може да значи дека добрите бизниси ќе мора да се покреативни во промовирање на својот квалитет за да се истакнат од лошите, но итри компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии