Alexa ги снима разговорите, Amazon не знае зошто

Неодамна брачна двојка од Портланд беше непријатно изненадена кога дозна дека Alexa ги снимала нивните разговори. Потоа истите разговори ги препраќала на еден контакт од нивната листа.

Можеби начинот на кој дознаа за „прислушувањето“ е подеднакво страшен. Еден вработен во компанијата на сопругот се јавил и им кажал дека има нивна комуникација. Станувало збор за нивен разговор во кој зборуваат за паркет, јави CBS.

Она што е пострашно е објаснувањето од Amazon. Компанијата вели:

„Echo се активираше поради збор кој наликуваше на Alexa. Потоа во разговорот кој следеше слушна нешто што му зазвучи на „испрати порака“. Потоа Alexa праша: На кого? А, разговорот беше интерпретиран како име од контакт листата. Уредот праша да испратам порака до: „име на корисникот“, така? И слушна „Да!“. Колку и да ви изгледа неверојатно листата на настани, работиме на ограничување на можностите да не се повтори овој настан.“

Но, ова не е она што жената кажува дека се случило. Таа тврди дека гласовно барање за потврда од Alexa не било испратено воопшто. Дополнително, тие тврдат дека снимањето на разговорите продолжило и откако ги исклучиле сите уреди, што е помалку чудно.

Иако во овој случај разговорот бил безопасен, секако може да замислиме и разговори кои нема да бидат. Amazon во првиот одговор до корисниците беше прилично неодреден во причините за проблемот што секако ќе предизвика незадоволство и страв.

Секако ако Amazon e сериозен во намерата да биде центар на паметниот дом, па уште и да нуди сервис за безбедносните агенции ова мора да биде подобро. Можеби на почетокот беа смешни видеата во кои Alexa и Google Home разговараат, но сега се малку помалку смешни и малку повеќе страшни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии