Алекс Стамос ќе го советува Zoom за поголема безбедност

Дејан Соколоски

во Вести

На почетокот на месецот новата омилена платформа на сите, Zoom се обврза дека ќе ги запре сите операции и следните 90 дена ќе работат исклучиво на подобрување на безбедноста.

Една од првите мерки кои ги донесе компанијата е ангажирање на Алекс Стамос како советник за безбедност. Г. Стамос е познат по тоа што беше директор за безбедност во Facebook. Тој е и најмногу препознатлив токму по својата работа во најголемата друштвена мрежа. Во овој период беше задолжен за безбедноста на 2,5 милијарди корисници.

Интересно г. Стамос верува дека покрај професионалното искуство ја добил понудата и поради серија твитови со кој зборува за безбедносните предизвици и начините на кои Zoom може да ги надмине.

Оваа можност да работам како консултант во Zoom беше премногу интересна за да ја одбијам.

Zoom за само неколку месеци порасна од успешна средно-голема ИТ компанија во клучен дел од животот на стотици милиони луѓе. Како што може да укаже и моето CV, сакам да работам на големи предизвици…

Истовремено од вчера започна и вебинарите за безбедност и приватност. На овие предавања секоја среда Zoom ќе ги објаснува и ќе зборува за надградбите кои ги направиле.

Запирањето на сите надградби и нови функционалности се додека нема задоволително ниво на безбедност и приватност на Zoom секако е одличен потег. Компанијата има низа пропусти, кои мора да се надминат. Повеќе за Zoom може да дознаете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии