Алекс Џонс остана и без Twitter

Дејан Соколоски

во Свет

Контроверзниот портал InfoWars е отстранет и од Twitter. За проблемот на основачот да биде поголем, Apple во целост ја отстрани InfoWars апликацијата од AppStore.

За корисниците на iPhone ова значи дека единствен начин да го следат подкастот (или емисиите) е директно да пристапат на страницата. На прашањето која е причината што апликацијата е отстранета, одговорот на Apple е едноставен и покажува кон правилата за користење.

Kлевети, дискриминирачка или злонамерна содржина, вклучувајќи ги и референции или коментари за религија, раса, сексуална ориентација, пол, национално / етничко потекло и други групи, особено ако апликацијата ја понижува, заплашува или ќе ја доведе во опасност таргетирана група.

Целосното отстранување на најпопуларната платформа во САД секако е лошо, но тоа не е крај за лошите вест за г. Џонс. По долго размислување, и благи казни, Infowars му здодеаја и на Twitter. Микроблогот на неопределено време ги забрани и Infowars и приватниот профил на Алекс Џонс. Микроблогот дополнително ќе ги блокира сите следни обиди за креирање на профил, и ако има некој претходен профил кој г. Џонс може да го користи ќе биде отстранет. Покрај Twitter, г. Џонс нема да може да го користи ниту Periscope.

Twitter му прогледа низ прсти неколку пати на основачот на InfoWars, но се чини дека и на нив им здодеаја испадите. По неколку навреди кој г. Џонс ги изрече до новинар на CNN, а потоа истото го сподели на Twitter дојде и забраната.

Со ова InfoWars и Алек Џонс може да се пофалат дека со своите акции успеаја да бидат отстранети од секоја релевантна друштвена платформа. Секако ова ќе биде зачинето со тврдења дека друштвените мрежи ја мразат десницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии