Алатката за лозинки на Dropbox ќе стане бесплатна

Во случај да сте корисник на LastPass, тогаш сигурно знаете дека од неодамна компанијата започна да наплаќа за синхронизација на лозинки. Набргу по потегот, Dropbox се изјасни дека нивната алатка за управување со лозинки наскоро ќе стане бесплатна и достапна за сите корисници кои имаат основна, односно Basic акаунт.

Dropbox Passwords ќе ви дозволи да складирате до 50 од вашите најважни лозинки и да ги синхронизирате низ три направи. Се очекува бесплатната услуга за управување на лозинките да стане достапна во првата половина на април.

Во случај да сакате инстантно да бидете известени за таквото нешто, пријавете се тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии