Aлатката за креирање игри на Microsoft, Project Spark, наскоро ќе биде достапна за сите

Microsoft објави дека Project Spark ќе биде подготвен и ќе пристигне во продавниците на 7 октомври во САД и на 10 октомври во Европа. Project Spark е алатка за креирање на видеоигри за Xbox и PC креирана од Team Dakota, која ќе овозможи секој, без преголемо познавање од кодирање да креира видеоигри. За жал засега Project Spark е наменет единствено за корисниците со Xbox One и за РС, но потребен е Windows 8.1 оперативен систем. Софтверот ќе дојде и со Kinect интеграција што ќе овозможи некои функции кои се недостапни на PC на пример анимација на моделите или снимање на аудио, се остварува токму со Kinect.

Креаторите на игрите ќе можат да ги споделат креираните игри со остатокот на заедницата. Засега нема вест за подршка на Xbox 360 или претходните верзии на оперативниот систем. Покрај игри Project Spark може да се користи и за креирање и на филмови и слични содржини. Слично како и останатите „game maker“ решенија и Project Spark доаѓа со модели кои се достапни со основната верзија со дополнителни модели кои ќе бидат достапни во продавницата. Сите кои ја користат бета верзијата која е веќе достапна ќе можат да ја променат во октомври се разбира со доплата. Цената на Project Spark ќе биде 40 долари.

[youtube]WQbO5n71vNc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии