Алатка за јавни набавки од тимот на Time.mk

Како и за што се трошат парите на граѓаните е можеби едно од најважните и најтешките прашања во едно општество. Новата технологија во дигиталната ера овозможува брзо и едноставно споделување на овие податоци.

Токму ова е идејата на новата алатка на тимот зад Time.mk. Јавни набавки е своевиден агрегатор во кој јавните набавки се одлично сортирани. Корисниците можат да пребаруваат по: име на компанија, нарачател и опис и даден временски период. Дополнително, резултатите можат да бида групирани по нарачател, фирма или и двете.

За жал, овие податоци често не се лесни за истражување, ниту има единствена локација каде можат да се пронајдат. Можноста за криење на овие податоци и нивно заборавање помага корупцијата и слични пракса да поминува незабележано. Поради ова парите на граѓаните често се трошат неодговорно, а некогаш и незаконски.

Кога организациите се изложени на светлина, брзо сфаќаат дека не можат да ги користат старите методи

Целта на новата платформа е да ги извадат на виделина сите трошења на јавни пари. Така ќе биде многу потешко да се злоупотребуваат парите на граѓаните.

Со помош на филтрите многу лесно се наоѓа ако некоја компанија често е на листата, ако некој проект е премногу пати на листата или ако некој нарачател често користи услуга од иста фирма. Комбинацијата на филтри овозможува куп функционалности. На пример: фирми и вредност на тендери; најголема вкупна вредност на тендери; најголеми тендери по опшина и слично.

Платформата веќе ги израдува истражувачите новинари кои му честитаа на Игор Трајковски за успешниот проект и оценуваат дека истиот е од исклучителна важност за сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии