Al Јazeera ќе ја едуцира балканската публика да користи Twitter

Арапската телевизија Al Jazeera, која од неодамна е активна и на Балканот, започна кампања да ја едуцира својата публика како да користи Twitter за да го зајакне граѓанското новинарство во светот и регионот. Идејата е „да се дојде до информации до кои новинарите немаат пристап.“

Al Jazeera ја стартуваше кампањата со краток видео водич за како да се отвори профил на Twitter, заедно со совети за како да се користи оваа друштвена мрежа со пораки од 140 карактери. Телевизијата вели дека на нивниот YouTube канал ќе има повеќе вакви совети.

„Идејата околу кампањата е да се користи оваа алатка за зголемување на свеста за прашања од вашата околина. Затоа кампањата го носи името Unplugged – повеќе се работи за исклучување од мрежата, потреба да се излезе надвор и да се креира содржина, а не само да се конзумира.“

Аl Jazeera, светски влијателна телевизија со седиште во Катар која го покрива арапскиот свет во Средниот Исток и Африка, беше во центар на револуциите во регионот, попознати како „Арапска пролет“. Овие револуции беа потпомогнати од друштвените мрежи како Twitter и Facebook кои беа извори од кои се добиваше уникатна перспектива на настаните во ризичните зони.

За Al Jazeera не е чудно што ги прифаќа друштвените мрежи како неоходен извор во известувањата. Претходно, за време на протестите во Скопје против полициска бруталност, Al Jazeera го покани и македонскиот блогер Внукот или Дејан Велковски во интервју за да пренесе свои импресии за случувањата во Македонија. Внукот беше препознаен од Al Jazeera како извор поради неговите видеа oд протестите.

Moжеби оваа кампања ќе биде видена и од македонските уредници кои конечно ќе разберат што е Twitter.

[youtube]xyTTs4OuKdw[/youtube]

1 коментар на “Al Јazeera ќе ја едуцира балканската публика да користи Twitter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии