Акциите на Zynga скокнаа откако Facebook ги посочи како важен партнер

Откако минатата недела Facebook објави дека ќе излезе на берзатa, акциите на Zynga доживеаа нeочекуван пораст. Ова се случи бидејќи Facebook oткри дека 12 отсто од нивните приходи доаѓаат од друштвените игри на Zynga, и дека без нив ќе наидат на финансиски проблеми.

Ова е добро на Zynga бидејќи се прикажани како важни партнерти на Facebook, компанија која има добра иднина. Пред излегување на берзата на Facebook, акциите на Zynga главно паѓаа, а најниската вредност ја имаа во средината на jануари кога паднаа до 7,97 долари. Ова е поради тоа што Zynga имаше само 3,3 милиони играчи кои плаќат за виртуелните добра (т.е. генерираат приходи) во четвртиот квартал, што е само 6,6 отсто од вкупните активни играчи дневно. Сега благодарение на Facebook, акциите пораснаа за 33 проценти и минатата недела достигнаа вредност и дo над 14 долари, пред да се спуштат на 13,39 долари.

Но, некои аналитичари се сомничави за волку високата цена на акциите главно поради тоа што и цената од 10 долари е проектирана врз основа на 40 отсто нови играчи и издавање на нови игри.

Сепак, што се однесува до Zynga, иако имаат популарни игри сепак треба да се потрудат да останат креативни бидејќи нивни конкуренти им се Electronic Arts и Disney, кои неодамна најавија дека ќе се испробаат и во казино игри, поле кое е не им е целосно непознато со оглед на тоа дека Texas HoldEm Poker на Zynga има 32,5 милиони активни играчи месечно, односно 6,8 милиони дневно активни корисници. Покрај друштвените игри на Facebook, Zynga вложува и во дизајнирање на игри за „паметни“ телефони и преносни конзоли.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии