Активисти направија алатка која ja следи продажбата на опрема за следење

Privacy International објави база на податоци со над 500 компании кои имаат софтвер или хардвер за следење на комуникацијата. Во податоците кои се дел од базата се вклучени и брошури и податоци за извоз на опремата. „Се обидуваме на создадеме ресурс кој ќе овозможи следење на изворите на технологијата која се користи, каде се користи и кој ја доставува“, вели Един Оманович од Privacy International за Motherboard.

Така следејќи ја базата на податоци може да дознаеме дека во Македонија има опрема која може да се користи за следење и набљудување произведена од Gamma International, Iskratel и уште една британска компанија. Gamma International е производител на контроверзниот софтвер FinFisher, чии сервери беа најдени и во Македонија. Според споделените податоци токму ова е софтверот кој македонската држава го купила од компанијата.

Privacy International во базата на податоци има и брошури од софтверот и хардверот на овие компании, до кој успеа да дојде преку скришно влегување на саеми за воена опрема. Дел од оваа опрема се користи легално и легитимно, но за жал дел од опремата се злоупотребува против граѓаните. Ова пред сѐ важи за држави кои се недемократски со автократи на чело на државата.

„Во недемократски и авторитарни системи моќта добиена со користење на технологија за набљудување го поткопува демократскиот развој и доведува до сериозни нарушувања на човековите права. Активисти на опозиција, борци за човекови права и новинари често се под мерки за набљудување и следење, а поединци ги имаат нивните комуникации и им ги читаат за време на мачењето.“, велат од Privacy International.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии