Активирање на Google Now без root пристап

(Ова е преземен текст од Delicon а.к.а. Даниел Брзанов, првично објавен на неговиот блог)

Веќе подолго време се мислев со кој пост да го започнам блогов, но, никако да ми дојде некоја добра идеја како за прв пост. Пред да го средам блогот имав многу идеи за пишување, но, кога го завршив, тие теми веќе беа застарени и ништо од нив. Па, решив прво што ќе ми падне на памет да го напишам без разлика дали е нешто wow или не, бидејќи, ако чекам нешто такво најверојатно нема ни да почнам. Ете, веќе сум напишал неколку редови… значи сум почнал. Врзете се. :)

Знаеме дека Google Now официјално не работи во Македонија, но, сепак постојат неколку начини за да се активира за да работи и тука. До пред некое време на стариот телефон, Google Now го активирав со познатата финта за која е потребно да имаш root пристап на телефонот:

  1. Влези во /system/priv-app/ и преименувај/избриши го Velvet.apk
  2. Рестартирај го телефонот
  3. Инсталирај ја постарата верзија на Google Now 2.6
  4. Активирај го Google Now
  5. Направи update на Google Now

На новиот телефон сè уште немам root пристап па така методот погоре нема да работи. По неколку пребарувања на Интернет успеав да го најдам ова едноставно решение за кое не е потребно root:

  1. Одјави се од Google Now: Google Now > Settings > Accounts & privacy > Google Account > Sign out
  2. Исклучи Google Play Services: Settings > Apps > All > Google Play services > Disable
  3. Најави се на Google Now: Google Now > Settings > Accounts & privacy > Google Account
  4. Уклучи Google Now
  5. Уклучи Google Play Services: Settings > Apps > All > Google Play services > Enable

Се надевам дека ова ќе им се најде на многумина кои сакаат да го активираат Google Now на нивниот Android телефон. Доколку некој знае поедноставно решение може да го сподели во коментар.

5 коментари на “Активирање на Google Now без root пристап

  1. cekor
    2.a. Iskluci Location vo Google Settings
    2.b Iskluci Android Device Manager vo Google Settings
    2.c Settings > Apps > All > Google Play services > Disable (ke ja downgradiras Google Play Services na Factory version)
    2.d Okluci Google Now
    2.e Update-uvaj Google Play Services

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии