Активирајте ja новата почетна страна на YouTube пред другите

YouTube тестира нова страна која иако во моментов не е достапна за корисниците, сепак може да се активира со додавање на „колаче“ во прелистувачот, открива GHacks.

Да го внесете колачето отворeте го YouTube.com на вашиот прелистувач, потоа на Chrome отворете Developer Tools, односно притиснете CTRL + SHIFT + J или на Firefox CTRL + SHIFT + K. Внесете:

 
document.cookie=”VISITOR_INFO1_LIVE=ST1Ti53r4fU”;
 

И вчитајте ја страната повторно (F5)!

Ќе забележите комплетно нова, поедноставна почетна страна на YouTube. Лево покрај копчињата за логирање се наоѓаат листите Trending и Popular, кои се одличен начин за да следите што е најактуелно во моментот, на средина се сите популарни видеа кои ви ги сугерира YouTube според тоа што сте гледале, а најдесно се популарните видеа кои ги истакнува YouTube.

Откако ќе се логирате ќе добиете исто така нов екран со категории и листи на канали на кои може да се претплатите, oдносно нов редизајниран кориснички профил со поистакнати друштвени копчиња за споделување. Новиот редизајн не се појавува при преглед на видеата.

Ви се допаѓа?

7 коментари на “Активирајте ja новата почетна страна на YouTube пред другите

  1. Малце сте ги утнале наводниците, со [мк] се изгледа пишани, па не работи.
    Еве го правилно:
    document.cookie="VISITOR_INFO1_LIVE=ST1Ti53r4fU";

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии