Активирајте Dark Mode за кој било вебсајт

Dark mode, или темен режим се препорачува во доцните часови. Кога работите во слабо осветлени места или пак читате/ пишувате повеќе, Dark Mode би требало да ги заштити вашите очи и да овозможи по релаксирачко впивање на информациите.

Многу популарни апликации веќе имаат Dark Mode, но веб сајтовите сѐ уште заостануваат. Night Eye е екстензија за вашиот прелистувач и ви дозволува да имате целосна контрола врз тоа како изгледа вашиот екран. На располагање имате три опции, Dark, Filtered, и Normal, но лесно можете да направите дополнителни прилагодувања. Па така, преку Night Eye можете да ја менувате светлината, боите и други вредности.

Night Eye работи на скоро секој прелистувач и ви помага за скоро секој веб сајт. Единствен „недостаток“ е тоа што е бесплатен само три месеци. По истекот на пробниот период, потребно е да се претплатите (9 долари, годишно) или да направите еднократна финансиска посвета (40 долари, засекогаш). Нашиот впечаток е дека Night Eye помага сајтовите кои секојдневно ги посетуваме да добијат посебна димензија која е значително попријатна за очите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии