Ако владиното решение ви делува прескапо… Направете свое!

Креирајте сопствено, поевтино и функционално решение. Ова е „пораката“ која девелоперите од Чешка им ја испраќаат на своите колеги насекаде.

Пред неколку дена, како протест за скапото решение кое го порача владата на Чешка за електронски патарини, програмерите самоиницијативно изработија онлајн решение за продажба на електронски „налепници“ за патарина.

Онлајн продавницата ја изработија на 48 часовен хакатон, а минатата недела имаше и кус тест период. На хакатонот учествуваа над 100 програмери.Решението веќе е предадено на владата, и ако се покаже како успешно ќе се користи.

Претходно решение кое го порача Министерството за транспорт ќе ги чинеше граѓаните 16 милиони евра, пренесува en24. Како последица на протестите за претходно прескапо решение кое без тендер го нарача министерот за транспорт на Чешка Владимир Храмлик, тој беше разрешен.

Следните неколку дена системот ќе мора да го помине тестот на издржливост, но не изгледа лошо, вели министерот за индустрија Карел Хавличек.

Што се однесува до цената. Програмерите инсистираат дека системот ќе биде бесплатен. „Ако мора да фактурираме, ќе биде фактура со износ 0“, вели Томаш Вондрачек, организатор на хакатонот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии