Ако ви се скрши Apple Pencil, нема да може да го поправите

Популарниот портал iFixit кој уредите ги претставува со нивно расклопување, стигна да го презентира и новото пенкало на Apple, Apple Pencil кое чини 100 долари. Ова пенкало доаѓа со најновиот iPad Pro и е наменето за дизајнерите, но она што е јасно по отворањето со пила е дека уредот не може да се сервисира, дополнително не може ниту да се отвори без сечење на куќиштето и кинење на Flex кабелот. Сепак, внатре може да се препознае дел од креативноста и снаодливоста на Apple. Плочката е минијатурна, но сепак не доволно да ја собере на пенкалото, затоа инжинерите ја направиле од два поврзани дела кои се споени и превиткани. Во внатрешноста се сместени два сензори со кои се одредува аголот и ориентацијата на пенкалото, а дополнителен сензор е сместен во врвот со кој се мери притисокот. Што се однесува до можноста за сервисирање, iFixit го оцени со најниската оценка 1, што значи дека за уредот не постои можност за поправка. Единствен делови кои можат да се заменат се врвот и капачето на пенкалото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии