Ако сакате виза за САД ќе треба да споделите податоци за друштвените мрежи

Од 31 мај ако сакате американска виза ќе треба да споделите и податоци за друштвените мрежи. Сите посетители, па и оние кои бараат влез краток престој во САД ќе мора да ги внесат податоците за идентификување од друштвените мрежи, пишува The Hill.

Корисникот секако ќе може да излаже и да каже дека не користи друштвени мрежи. Сепак ако неговиот профил биде пронајден ќе има сериозни последици по неговото барање. Друштвените мрежи се одбираат од „dropdown“ листа, и засега ги има само најважните/најголемите друштвени мрежи. Сепак според најавите, наскоро корисникот и самиот ќе може да ги внесе сите друштвени мрежи кои ги користи. Овие податоци потоа ќе бидат додадени на податоците за проверка.

„Ова е голем исчекор нанапред во воспоставувањето подобрена проверка на странските државјани кои бараат влез во САД. Како што гледаме последниве години во целиот свет, друштвените мрежи можат да бидат главен форум за споделување на терористички чувства и активност. Ова ќе биде клучна алатка за пронаоѓање на терористите, закани од јавната безбедност и спречување други опасни поединци да добијат придобивки за имиграција и да стапнат на територијата на САД“, вели претставникот на Стејт департмент за Hill.

Терористот од Сан Бернандино, Ташфин Малик кој уби 14 луѓе на своите друштвени мрежи ја имаше својата поддршка за терористите уште пред да добие американска виза. Овој случај е една од причините поради кои и се донесе оваа мерка. Името на извршната наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп за овој закон е „Заштита на нацијата од влез на странски терористи во САД“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии