Ако сакате работа, научете Linux

Осум од десет компании ставаат приоритет на програмерите кои знаат Linux во 2012 година, се вели во првиот извештај на Linux фондацијата и сајтот за вработување Dice.com.

Од 2.300 фирми кои одговориле на анкетата, половина одговориле дека го зголемиле бројот на луѓе кои познаваат Linux. Секако ова зависи и од тоа дали компанијата расне за да може да отвори нови работни места за нови програмери.

Иако побарувачката на Linux таленти е зголемена, сепак според истражувањето, многу компании, дури 85 отсто, се соочуваат со проблем да го најдат тој талент. Ова ги прави Linux програмерите едни од најбараните професионалци во 2012-та година. За да го надополнат талентот, многу компании спроведуваат дополнителен тренинг и ги зголемуваат платите.

2 коментари на “Ако сакате работа, научете Linux

  1. Oсвен во Македонија. :)

    Инаку процедурата иде вака, аплицирате во земја во ЕУ, поминувате неколку технички интервјуа (ако имате искуство некое) и потоа доаѓате до нивниот HR оддел каде што се среќни дека нашле човек, но не се сигурни дека вашата земја е во ЕУ и дека можете да добиете работна дозвола. По некоја недела истражување кога ќе дознаат колку би ги чинело да дојдат до таа дозвола, добивате мејл што започнува со „We regret to inform you that…“

    Така да не е мн мн битно колку искуство имате во 90% од случаите. Зборам од лично искуство. :)

    1. Пробај се со Канда, подалеку е и поладно, но се многу полиберте со нивниот визен режим.
      Со години наназад ИТ е дефицитарен кадар таму.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии