Ако сакате добра плата бидете инженери и програмери, не психолози и уметници

Студентите по инженерство заработуваат двојно повеќе пари од студентите кои студираат психологија и уметност, открива истражувaњето на CareerMeasures. Разликата во платите помеѓу професиите е огромна, пример студентите во САД кои завршиле компјутерски науки заработуваат околу 66.000 долари годишно, студентите кои и се посветиле на математиката заработуваат околу 60.000 долари, а механичките инженери дури 77.00 долари. Наспроти нив, студентите кои завршиле психологија или англиски јазик и литература (кои интересно се попопуларни од другите професии) заработуваат двојно помалку, односно 30.000 долари годишно.

Причината за огромната разлика во платата се однесува најчесто на побарувачката за експерти на пазарот. Работодавците се подготвени да платат повеќе за специјализирани инжинери и програмери, додека психолозите, професорите по јазици и уметниците најчесто завршуваат во јавни институции или се во потрага по друга кариера. Проблемот на студентите е што тие ја донесуваат можеби најважната одлука за својот живот кога се само 18 и 19 години, кога, под сигурноста за родителите, сакаат да си ги следат идеалите, без да имаат јасна претстава за какво огромно влијание ќе имаат парите врз нивниот натамошен живот.

Се разбира, истражувањето е направено со студенти и компании од САД, па мора да се земе во обзир дека платите кои се прикажани во истражувања, како и побарувачката за експертите, се според американските стандарди, иако и во Македонија може да се забележи тренд каде инженери и програмери наоѓаат добро платена работа веднаш по завршување на факултеот, додека на другите им треба повеќе време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии