Ако сакате брзa надградба во нов Android, тогаш најдобро е да си купите отклучен телефон

Google го издаде Android 4.4 KitKat пред речиси една година, но за жал сè уште има куп телефони кои го поддржуваат оперативниот систем, но компаниите не направиле надградба. Најдобро со надградбата поминаа Motorola и HTC кои еден месец по излегувањето имаа готови телефони со Android KitKat, пишува Ars Technica во својата интересна анализа за тоа кој ги направил надградбите, колку брзо и кои дел од проблемите кои ги имаа производителите. Во овој период Motorola беше дел од Google па останува по влезот во Lenovo да видиме колку за брзината на надградбата е заслужна Motorola, а колку Google. Забележителен е напредокот и на HTC кој овојпат на новите модели го донесоа оперативниот систем за помалку од еден месец.

За жал сите компании не ја завршија својата надградба во овој период. Samsung кој продава најмногу телефони имаше Андроид 4.4 речиси четири месеци по излегувањето на Nexus 5. Една од причините за ова е што компанијата има објавено дури 41 Android телефон само во 2013 година, а тука може да се додаде и бројката на таблет компјутери. Nexus партнерот на Google, LG имаше најмногу проблеми до првиот KitKat телефон доколку не ги броиме Nexus 4 и Nexus 5. Потребни беа дури 4.6 месеци до LG G2, а поразително е што AT&T ја издаде надградбата на LG G2 пред компанијата која го произведува телефонот.

Телеком провајдерите се снаоѓаа со надградбите на оперативниот систем уште полошо од производителите, додавајќи дополнително време на надградбите. Oва сепак се однесува на американските провајдери, земајќи во обзир дека анализата е на ArsTechnica, но македонските се далеку полоши. Ситуацијата е толку лоша што доколку се изземе Moto X, просекот на надградбата се продолжува за најмалку еден месец. Споредбата на времињата покажува дека кога се во прашање надградбите корисниците без сомневање треба да земат отклучен телефон.

Времето до надградба дополнително се продолжува за телефоните кои не се флагшип. Motorola, HTC, LG па Samsung е редоследот по кој е направена надградбите на сите телефони кои не ексклузивни модели. Дел од моделите никогаш и нема да ја дочекаат надградбата поради тоа што производителите на процесорите, Nvidia и Texas Instruments или доцнат со надградбата или во случајот на Texas Instruments се повлечени од пазарот. Се чини дека поддршката на уредите останува иста како и досега, односно две итерации на оперативниот систем. Што се однесува до периодот потребен за надградба, дел од производителите значително го подобрија времето за надградба на оперативниот систем во споредба со Android 4.3.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии