Ако пронајде реклами кои ги нарушуваат правилата за користење, Chrome ќе ги блокира сите реклами

Следната верзија на Chrome 71 ќе биде уште поригорозна за сајтовите кои имаат реклами кои ги нарушуваат правилата за огласување. Chrome 71 ќе ги блокира сите реклами ако страницата покажува реклами кои не се соодветни.

Ова е продолжените на праксата на Google кој во последните неколку верзии е фокусиран на сузбивање на лошите реклами. Така, полека, но сигурно исчезнуваат рекламите кои отвораат прозорци, лажни предупредувања, и наведувачко однесување со лажни елементи.

Следната верзија на Chrome излегува во декември. Сопствениците на сајтовите ќе имаат 30 дена да ги исчистат своите страници, ако ова не се случи Chrome ќе ги блокира сите реклами на овие страници, и оние што ги прекршуваат правилата, но и рекламите кои не прекршуваат било какво правило.

Интересно Google, ќе остави можност за корисниците да ја исклучат оваа функционалност и да продолжат да ги следат овие реклами, вели Verge. Секако некој не сака да гледа реклами на целиот екран, но проблем е што и Google „сервира“ реклами. Дел од коментарите веќе сега се дека компанијата има преголема контрола и можност за филтрирање на рекламите на конкурентите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии