Aко има софтвер во него, било кој телефон може да се хакне

iPhone 5S, Samsung Galaxy S5, LG Nexus 5 и Amazon Fire Phone мораа да се поклонат пред вештините на хакерите на Pwn2Оwn во Токио. Станува збор за натпревар на хакери кој постојано покажува дека доколку уредот има софтвер на него, може да биде хакиран, вели Ars Technica.

iPhone 5S „падна“ поради искористување на два пропусти по што хакерот успеа да преземе контреола над Safari и да егзикутира „sandbox escape“. Samsung Galaxy S5 падна поради пропуст во NFC, поради ова напаѓачот успеа да започне десеријализација на телефонот. Уште еден тим успеа да преку NFC да „злоупотреби“ логичка грешка во S5. LG Nexus 5 исто така беше жртва на NFC што беше доволно за Bluetooth спарување на телефоните. Три различни пропусти во Amazon Fire Phone им дозволија пристап на хакерите до прелистувачот на телефонот.

Со оглед на бројот на напади кои ја злоупотребија NFC технологијата, се поставува прашање колку е безбедна и колку уште други пропусти се овозможени со NFC, но дали можеби сепак Apple се во право што не имплементира NFC на своите телефони до iPhone 6.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии