Ако Apple и Google не ни ги дадат податоците, ќе ги принудиме, вели FBI

Доколку Apple и Google не сакаат доброволно да ги декриптираат телефоните тогаш ние ќе ги принудиме, вели Џејмс Комеј, директор на FBI. Изјавата доаѓа во период откако поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, откри загрижувачки детали за прислушување на агенциите за безбедност.

„Енкрипцијата е само техничка функција; маркетинг трик… еквивалент на плакар кој не може да биде отворен. Сеф кој не може да биде пробиен. Моето прашање е, по која цена? Двете компании (Apple и Google) ги водат добри луѓе, одговараат на тоа што мислат дека пазарот го бара. Но тоа не води на место кое на кое не треба да одиме без обмислена дебата“, вели г. Комеј, а пренесува Motherboard.

Се чини дека тоа што го бараат Федералното биро и Агенцијата за национална безбедност на САД е отворена врата до личните податоци на граѓаните. Таа „врата“ до податоците да биде вметната уште во развојниот процес, што практично би го наравило целото криптирање бескорисно. Конечно директорот на FBI побара од Конгресот да им го наметне ова решение на компаниите доколку тие самите не се одлучат да го имплементираат во блиска иднина.

[youtube]Dkbh5fJoFhc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии