Акциите на LinkedIn пораснаа 150%, мрежата вреди 10 милијарди долари

LinkedIn е воедно и првата американска друштвена мрежа која излезе на берзата, можеби и соодветно бидејќи LinkedIn е бизнис мрежа создадена за соработка и остварување контакти. Гледајќи го успехот на LinkedIn, односно заинтересираноста да се инвестира во друштвените мрежи, други интернет компании, кои сега се приватни, како Twitter, Zynga, Groupon, LivingSocial… ќе бидат помотивирани да излезат на јавно надавање. Mожеби најинтересната компанија е Facebook кој се очекува да достигне неверојатни сума, веќе се вреднува на повеќе од 50 милијарди долари.

Ова всушност ги заплашува експертите кои велат дека може да се повтори историјата да пукне „интернет балонот“ како во 2000-та, односно да се вреднуваат компании неколку пати повеќе од нивните реални приходи и можности, како што е тоа со LinkedIn чија вредност oд 10 милијарди долари е 43 пати поголема од приходите (243 мил. долари) во 2010-та, според Wall Street Journal.

Oд друга страна, the Economist сугерира дека „балонот“ ќе направи помалку штета бидејќи овојпат се работи за веќе докажани интернет компании кои имаат глобален потенцијал и бизнис модел, пример LinkedIn има добар бизнис модел правејќи пари од онлајн реклами, премиум претплата и алатки за вработување, и е во постојан пораст достигнувајќи над 100 милиони корисници.

1 коментар на “Акциите на LinkedIn пораснаа 150%, мрежата вреди 10 милијарди долари

  1. Компанија која има приходи од 243 мил долари вреди 10 милијарди!? Нешто слично се случуваше и кај нас со банките Стопанска банка Битола дојде до цена на акциите од 13.000 ден. Кога пукна балонот не можат да дојдат до 3.000 ден по акција. Чисти шпекулации на берза. Некој ќе се офајди, некој ќе изгуби.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии