Airtime e нов видео чет сервис од основачите на Napster

Најновата апликација од основачите на Napster, Шон Паркер и Шон Фенинг, вчера официјално беше пуштена во употреба. Сервисот е наречен Airtime и е видео платформа која им овозможува на корисниците да се поврзуваат со старите и нови пријатели на многу едноставен начин. Овој сервис се разликува од другите по тоа што вашите соговорници можете да ги барате според одредени теми.

За да го користите Airtime, треба да се поврзите со вашиот Facebook профил и откако ќе се логирате му дозволувате на сервисот да ги користи вашите податоци и според тоа да најдете соговорници со кои делите исти интереси. На сервисот е забранета голотија, навреди, малтретирање на животни и користењена дрога, што баш и не беше случај на Chatroulette и сличните такви сервиси. „Системот знае кои сте“, изјави Паркер за публиката која беше присутна на претставувањето на Airtime.

Паркер во своето интервју истакна дека до оваа идеја дојде поради причината што луѓето кои секогаш се онлајн, не нудаат ништо ново, односно не зборуваат со нови луѓе. „Онлајн се сите луѓе кои ги познавате, што понекогаш е и досадно. Од кога интернетот стана досадно место?“

[youtube]Br8cgHhTFR4[/youtube]

Доколку сакате да го испробате Airtime, сѐ што треба да направите е да го посетите официјалниот сајт, да се најавите преку Facebook и да зборувате со вашите пријатели или да кликнете на „Talk to Someone“, по што сервисот ќе ве спои со корисниците со кои имате слични интереси.

За крај да напоменам дека вашиот профил е анонимен сѐ додека соговорникот не го прифатите за пријател, а доколку сакате да го избришете Airtime ви нуди многу едноставен начин.

Во продолжение можете да го погледнете промотивното видео и да добиете подобра слика за начинот на функционирање на Airtime.

Introducing Airtime from Airtime on Vimeo.

1 коментар на “Airtime e нов видео чет сервис од основачите на Napster

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии