AirCare (МојВоздух) достапен и во Романија

Image courtesy of AirCare / Facebook

Минатата година веројатно најпопуларната македонска апликација AirCare започна со проширувањето на регионот. Веќе од самиот почеток на оваа година трендот продолжува и од пред неколку дена апликацијата е достапна и за корисниците во Романија.

Апликацијата и во периодот кој следи ќе продолжи да го засилува своето присуство во регионот. Дали наскоро ќе влезе во некоја друга држава ќе видиме, но во моментов продолжува да го зајакнува присуството на пазарите во кои е присутна.

„Следниот чекор за апликацијата е засилување на присуството во регионот преку посетување на конференции, универзитети и собири на невладини организации. Сакам МојВоздух да стане дел од grassroots движењата за зелена иднина во сите земји кои се соочуваат со проблем каков што е и во Македонија“, вели креаторот на МојВоздух Горјан Јовановски.

Интересот во државите од регионот во кој апликацијата е присутна е значителен. Веројатно поради едноставноста за користење и релевантните податоци, МојВоздух полека станува апликација со која и „соседите“ започнуваат да го проверуваат квалитетот на воздухот. Со минимален маркетинг (овде можеби може и да се зборува дека воопшто нема рекламирање) и главно преку препораки од корисници МојВоздух оваа година само во Србија доби 30 000 нови корисници.

Прифатеноста на МојВоздух е доста добра, посебно во Србија. Преку word-of-mouth, со многу минимален маркетинг ($10 Facebook реклами), доби над 30.000 корисници оваа сезона. Луѓето, потпомогнати со локалните еко-организации, се повеќе стануваат свесни за степенот на загаденост, и дека навистина може да веруваат на МојВоздух!

Добра вест е и дека благодарение на партнерствата со неколку компании апликацијата е профитабилна, па опстанокот на сервисот нема да биде доведен во прашање, а со дополнителните финансии од новите пазари, г. Јовановски се надева дека ќе може да се вложува многу повеќе во иден развој на апликацијата.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии