Airbnb не е агент за недвижнини

Европскиот суд на правдата донесе одлука која вели дека Airbnb не е агент за недвижности и за неговата работа во Франција не му е потребна лиценца.

Наместо да гледа на Airbnb како на агенција која изнајмува станови, судот одлучи дека сепак платформата е единствено сервис за информации.

Одлуката е интересно со оглед на тоа дека Uber на крајот на 2017 доби пресуда дека не е дигитална платформа која спојува патници и возачи, туку такси превозник. Една од клучните разлики која ја потенцираше судот е во контролата на финансиските трансакции во случајот на Uber. Судот одлуката ја донесе по спорот на Француската туристичка асоцијација AHTOP која тврдеше дека за да нуди услуги во Франција на Airbnb му е потребна лиценца за агент со недвижности.

Одлуката на судот е одлична вест за платформата која сега нема да мора да стравува дека и други држави членки на Европската Унија ќе го следат примерот на Франција и ќе бараа издавање на лиценци.

Airbnb ја поздрав одлуката на Европскиот суд на правдата:

„Сакаме да бидеме добри партнери со сите, веќе соработуваме со повеќе од 500 влади за да им помогнеме на домаќините да ги споделат своите домови, да ги следат правилата и да плаќаат данок“, вели Airbnb во соопштение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии