Агенцијата за пошта бара лимитот на царинeње на онлајн нарачки да биде 150 евра

Агенцијата за пошта најави дека по новогодишните празници ќе побара зголемување на минималната цена на производ кој може да се внесе без царинeње. Моментално лимитот изнесува 45 евра, но Агенцијата бара да се покачи на 150 евра. Можно е набрзо цената за која нема да се плаќа царина при увоз по пошта да се изедначи со царината при влез на граница која изнесува 350 евра, јави 24вести.

Намалувањето на царината при увоз ќе им биде од корист пред сѐ на граѓаните кои порачуваат производи од странство. Македонски пошти неодамна објави дека забележува пораст во онлајн нарачки, посебно во празничниот период во кој има зголемување од цели 20 отсто. Интересно, дури 90 отсто од онлајн нарачките доаѓаат од Кина.

Директорот Влатко Атанасовски сепак го отфрли стравот дека со зголемување на лимитот, ќе се покачи цената која ќе ја наплаќаат поштите за пренос на овие пратки, велејќи дека во моментов целта е да се зголеми обемот на пратки и да се фати приклучок со остатокот на светот. „Ваквото покачување на вредноста на лимитот на вредност на вакви пратки може да значи многу послободен пристап на граѓаните до електронскиот пазар до светот за стоки за широка потрошувачка, а за поштенскиот сектор ќе значи еден силен стимул за сегмент кој што значи достава на пакети од мала вредност и претставува сегмент кој ја претставува иднината на развојот на пазарот…“, вели г. Атанасоски за 24вести.

Иако зголемувањето на лимитот за царинење на производите е одлична новост, она што без сомневање може да ги загрижи граѓаните е рекордниот број на изгубени пратки во првата половина на 2015 година. Корисниците во првата половина на 2015 година поднеле 2.302 рекламации, откри во октомври г. Атанасоски во интервју за МИА.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии