Age of Empires 4 има скромна хардверска побарувачка

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

Времето за излегување на новата игра во еден од најпознатите стратешки серијали се наближува и за нешто повеќе од месец дена, Age of Empires 4 , ќе нападне со целосно нова кампања, механики и преубаво графичко опкружување. Во поглед на хардверска подготвеност, цената за пристап е изненадувачки ниска и ќе можете да уживате во насловот дури и да имате значително постар компјутер.

За графички осиромашено искуство, потребен ви е Intel i5-6300U процесор или AMD Ryzen 5 240G, 8GB RAM и Intel HD 520 графичка карта, односно AMD Radeon RX Vega 11.

Од друга страна, за доживување на насловот во целата графичка слава, потребен ви е AMD Ryzer 5 1600 процесор или негова Intel i5 алтернатива со 6 јадра и 3.6GHz. Во поглед на графичката карта, се бара Geforce 970 или RX 570. Најголемата такса се чини дека е во RAM-от и AOE 4 едноставно бара 16GB RAM, нешто што се чини дека веќе преминува во еден стандард.

Инаку, на четворката нема да работат Ensemble Studios. За жал, тоа студио е одамна распуштено. На Age of Empires 4 работат одамна-докажаните Relic Entertainment – девелоперите најдобро познати по серијалите Company of Heroes и Dawn of War.

Age of Empires 4 излегува на 28 октомври. Играта ќе биде инстантно отклучена за сите Game Pass претплатници.

2 коментари на “Age of Empires 4 има скромна хардверска побарувачка

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии