AEK: И во втор пат нема понуди за 4G; One е избран за дигитален оператор

Агенцијата за електронски комуникации го избра Оne за дигитален оператор кој е задолжен да ги префрли националните и локалните телевизии на дигиталната платформа. Телевизиите ќе треба да платат по 150.00 евра годишно за дигиталниот сигнал, односно локалните треба да платат 20.000 евра. AEK вели дека One треба за десет дена да иплати 300.001 евро за тендерот.

Но, иако дигитализацијата на телевизиите е повеќе од добредојден чекор напред кон нови технологии и можности, сепак Македонија ќе остане уште некое време без 4G. АЕК по втор пат го затвори тендерот откако ниту една компанија не се пријави да ја воведе најновата генерација на мобилна технологија.

Од ова може да претпоставиме дека операторите не се заинтересирани да дадат 15 милиони евра за да воведат 4G, бидејќи 1) корисниците сè уште не го користат 3G до максимум за да им треба побрза конекција; 2) нема доволно сервиси за кои треба да се воведе побрз мобилен интернет. Можеби и сумата е преголема.

„Операторите ќе ви кажат дека сè уште нема побарувачка на пазарот односно нема барање за толку брз мобилен интернет и оти 3G ги задоволува моментните потреби на пазарот. Но, сите нови апликации, како и новиот iPhone 5, работат на 4G.”, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

АЕК најави дека ќе распише нов тендер за 4G во кој ќе ги промени условите.

2 коментари на “AEK: И во втор пат нема понуди за 4G; One е избран за дигитален оператор

  1. АЕК изгледа претера со 15 милиони евра за лиценца, за 2 милионски пазар со 3 оператора и смешно ниски цени. Ќе си ги вратат парите за 15 години :-)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии