AEK го претстави првиот софтвер за електронски регистар

Агенцијата за електронски комуникации претстави софтвер кој ќе ги собира сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктури од сите оператори во Македонија. Софтверот за електронски регитар наскоро ќе биде достапен на веб страната на АЕК.

„Изработивме софтвер за електронски регистар за јавни телекомуникациски мрежи и инфраструктура бидејќи сметаме дека граѓаните на Македонија треба да добијат информации за подземните и надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура“, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Софтверот, кој наскоро ќе биде на веб страната на АЕК, ќе биде поврзан со останатите државни институции што ќе придонесе до полесен пристап до информации, и поголема заштита од оштетување на инфраструктурата при градежни работи.

АЕК собра информации од поголемите мобилни, фиксни и кабелски оператори, и во втора фаза ќе продолжи да собира податоци од помалите оператор.

Г. Орданоски вели дека по 2012 година ќе одат и со подрастични мерки за оние оператори кои нема да достават информации, како што сепрекршочни санкции и нивната мрежа нема да постои односно нема да биде заведена во регистарот.

1 коментар на “AEK го претстави првиот софтвер за електронски регистар

  1. "Изработивме софтвер за електронски регистар за јавни телекомуникациски мрежи и инфраструктура бидејќи сметаме дека граѓаните на Македонија треба да добијат информации за подземните и надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура" – What the fuck he is talking about, na kogo mu treba ovoj moderen produkt – nov graganski servis; uste eden primer za toa kako se perat pari vo mausdonia

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии