Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) го објави тендерот на радиофреквенции за користење на 4G технологија.

„Отпочнувајќи од 01.09.2013 год, операторот кој ќе добие одобрение за користење на овој фреквенциски опсег наменет за ЛТЕ (long term evolution) технологија ќе отпочне со користење на радиофреквенции за обезбедување на услугите до крајните корисници.“, вели АЕК.

Четвртата генерација на стандарди за мобилна комуникација ќе треба да донесат побрз мобилен интернет пристап и можност за стримање на високо квалитетно видео и видео конференции. Во теорија 4G е десет пати побрз од 3G, достигнувајќи брзини до 100 Mbit во секунда. Но, тоа е во теорија. Во пракса се зависи од македонските мобилни оператори. Сите три најголеми оператори во земјата, T-Mobile, One и Vip покажаа интерес во 4G и најверојатно сите три оператори во иднина ќе понудат вакви услуги.

Но, покрај брзината, 4G ќе треба да го донесе мобилниот интернет и во руралните средини, вели AEK, бидејќи обврските на операторот ќе биде да имаат 95 отсто покриеност.

„Со овој чекор Македонија се приближува кон исполнување на дел од чекорите пропишани во Дигиталната Агенда – 2020 на Европската Унија.“, вели АЕК.

АЕК исто така објави тендер за доделување на радиофреквенции на ДВБ-Т оператор на дигитален систем кој ќе ги пренесува ТВ радиодифузерите во дигитален формат отпочнувајќи од први јуни 2013 год. Изборот на оператор на дигитален терестријален систем ДВБ-Т претставува основа за отпочнување на процесот на премин од аналогна на дигитална телевизија. Со заокружување на овој процес отпочнувајќи од први јуни 2013 год, граѓаните на РМ ќе добијат поквалитетен ТВ сигнал како и дополнителни услуги (програмски водич, избор на јазик итн). Повеќе за што треба да знаете околу дигиталната телевизија може да прочитате тука – Македонските телевизии се дигитализираат – што e потребно да знаете.

1 коментар на “АЕК го објави тендерот за 4G

  1. LTE колку што имам прочитано, сеуште не е стандард за 4G. Линк http://www.strandreports.com/sw4334.asp
    Друго пак, нашиве оператори свршија работа со 3G HSPA, услугите им се под секој стандард, слаба покриеност, неквалитетна конекција, многу скапи интернет услуги, сега пак небаре се спремни за LTE

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии